Временска прогноза

Сончево и топло претпладне , а од пладне ќе се зголемува облачноста, со  локален пороен дожд и услови за појава на грмежи особено на северот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Минималната температура ќе се движи од 10 до 16, а  максималната 26 до 33 степени.

Во Скопско претпладне ќе биде сончево и топло, а од пладне ќе се зголеми  облачноста, со појава на локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи во интервал од 14 до 30 степени.

Денеска и утре во претпладневните часови ќе биде сончево, а попладне нестабилно. Ќе има појава на пороен дожд, грмежи и можна е појава на град. Во вторник се очекува облачност уште од претпладне, а и понатаму ќе биде нестабилно во попладневните часови.

Translate »