Одмазда за Сораја: На белградската старлета Тамара Ѓуриќ ѝ е забранет влез во Црна Гора
Откако Србија ја протера црногорската старлета Сораја Вуќелиќ, Подгорица реши да воведе реципроцитетни мерки. На учесничката на риелити шоуто” Фарма”, Тамара Ѓуриќ, ѝ е забранет влез во Црна Гора бидејќи претставува безбедносен ризик.
Причина е нејзината врска со еден од најмоќните луѓе на познатиот црногорски “шкаљарски ” криминален клан, кој оперира и на територијата на Србија. Српските медиуми објавија дека Тамара не е единствена дама на црногорската црна листа на која се наоѓаат 100 имиња, меѓу кои и други сопруги и љубовници на познати криминалци.
Кланот ”шкаљарци” e прочуен по бројните ликвидации, рекетирања и трговија со наркотици, а повеќето од членовите на оваа група се од Котор.