Ерупција на вулкан уништи цели села, најмалку 25 лица загинаа

Најмалку 25 луѓе загинале, а стотина се повредени во Гватемала кога дошло до ерупција на вулканот Фуего, соопштила Агенцијата за катастрофи во таа земја.

Поради ерупцијата на вулканот, кој исфрла црн чад и пепел во небото, се евакуирани околу 100 лица, а меѓународниот аеродром во престолнината ја затворил својата единствена писта.

 

Управата за цивилна авијација на Гватемала соопштила на Твитер дека пистата е затворена поради присуство на вулканскиот пепел и како би се гарантирала безбедноста на патниците и авионите.

Вулканот се наоѓа на околу 40 км југозападно од престолнината Гватемала.

 

Од еден голф клуб се евакуирани и работниците и гостите , а на видео снимката која е објавена на социјалните мрежи се гледа црн облак од пепел, како се крева над голф теренот.

 

Огромни облаци на чад можат да се видат од различни делови на земјата, а пепелот кој паѓал во четири области на Гватемала ги вознемирил граѓаните.

Портпаролот на Управата за спречување на национални катастрофи Давид де Леон рекол дека за пад на вулканскиот пепел во различни делови е виновна промената на правецот на ветрот.

Translate »