ЦРНИ ПРОГНОЗИ НА БИЛ ГЕЈТС: НИ ДОАЃА ПАНДЕМИЈА 2, ЌЕ ИМА БИОТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД И ТОА ВО 2025 ГОДИНА!

Гостувајќи во популарното шоу „Лејт Шоу“, основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, најави нова пандемија која според него би можела да го погоди светот за пет години.

– Доаѓа „Пандемија 2“. Тоа ќе биде биотерористички напад. Според моите проценки, ќе се изврши некаде во 2025 година – рече Гејтс.

Откако се повлече од Мајкрософт, Гејтс се вклучи во хуманитарна работа, а во 2000 година тој и неговата сопруга Мелинда основаа фондација посветена на вакцинирање на децата во региони каде што детска парализа сè уште не е искоренета.

Гејтс, чија фондација е ангажирана во пронаоѓање на вакцина против коронавирусот, се осврна и на тековната пандемија:

– Поради вирусот корона, ќе живееме вака до лето. Но, дотогаш, ќе ни треба чудо. Ефектот на вакцината можеме да го видиме дури подоцна. Се плашам дека вистинската придобивка може да се види дури за две години – во лето. Никој не победува туку сите губиме.

Translate »