Млада докторка од Македонија ја прифати понудата во Сучурај, ќе има плата, стан и годишен бонус од 6 800 евра!
Гратчето Сучурај на хрватскиот остров Хвар од понеделник има докторка. На огласот, кој е отворен уште летоска, се јавила млада лекарка од Македонија. Освен плата и стан , на огласот се нудел и годишен бонус од 6.800 евра. Но и покрај тоа , со месеци никој не аплицирал за работното место.
Дирекотот на Здравствениот дом, Драгомир Петриќ вели дека одлуката на локалната самоуправа да даде дополнителен бонус сепак вродила со плод.
Новата докторка дел од својот стаж го одработила во Македонија, а во Хрватска положила шест дополнителни испити за да ѝ се признае дипломата.
“Ова е првпат во историјата на нашиот Дом на здравје да ни доаѓа лекар кој не е од Хрватска. Колешката ги задоволува сите критериуми наведени во огласот, ги положи сите испити, ги има сите документи и согласности од МВР и почна да работи. Конечно, во Сучурај пациентите пак имаат лекар”, вели директорот.
Докторката од Македонија во амбуланата ќе се грижи за 300 пациенти.
преземено од Јутарњи хр