Која е вистината за жената со мустаќи поради која се “убиле 13 мажи”!?

 

Анис ел Долех била конкубина и една од омилените жени во харемот на иранскиот шах Насир ел-Дин Каџара. Во 1900-тат а година таа била поим за вистинска убавица во Персија,  иако од денешна перспектива тоа ни изгледа малку веројатно. Оваа голема и влакнеста жена толку му прираснала за срце на иранскиот владетел што тој ѝ понудил да стане принцеза, но таа одбила.

 

Анис била омилената жена на иранскиот шах

Легендата вели дека 13 мажи се убиле бидејќи таа не им возвратила љубов. Но, тоа се само приказни . Историските факти велат дека таа била екслузивна миленичка на иранскиот шах  Насир ел-Дин Каџара (1831.–1896), кој бил еден од најдолговечните владетели во историјата на Персија ,човек кој ја модернизирал својата земја и голем патрон на уметноста.

Иранскиот владетел и неговата жена Анис, овековечени на фотографиите

Тој бил прв Иранец кој се фотографирал. Бил љубител на фотоапаратот, а првиот го добил на подарок од англиската кралица кога имал 11 години. Но, тој сакал да ги фотографира и жените од својот харем, а ги имал дури 84.

 

Жените на шахот , од десната страна Анис, позираат за фото сесија

 

 Меѓу фотографиите се издвојуваат оние на неговата љубена Анис Ел Долех. Тој ја сметал за сродна душа и најмногу ѝверувал. Наводно тој ѝ ги доверувал и државните тајни. Таа била исклучителна влијателна и била прва жена во харемот.
Анис, била поим за убавина во тие времиња
Translate »