Купувајте домашно: Вашето омилено Grand кафе се произведува во Македонија!
Пиењето на свежо мелено кафе отсекогаш била култна рутина на овие простори. Бесценет момент, без разлика колку е тој брз или краток! Кафето наутро не’ буди, а попладне ни дава свежа доза енергија и претставува верен придружник во разговорите со саканите личности. Вистинските љубители знаат да ја препознаат свежината на кафето, аромата и полниот вкус кој го овозможува само свежо меленото кафе. Посебно сега, во периодот на пандемија, кафето ни дава енергија ѝ не’ прави среќни, па токму затоа не е сеедно какво кафе пиете!
Дали знаевте дека вашето омилено Grand кафе се произведува во Македонија?
Фабриката „Гранд кафе“ во Скопје го произведува популарното Grand кафе, во чиј мирис и вкус уживаме сите ние, а кое денес е синоним за квалитет не само во Македонија, туку и ширум целиот Балкан. Во модерниот и современ погон во Скопје се произведуваат неколку различни Grand брендови, како што се Grand кафе Gold, Grand кафе Strong, Grand Aroma и Grand DeLuxe, а секој од овие брендови нуди уникатно уживање за сите оние љубители на вистинското, свежо мелено кафе. Grand кафе Gold е е нашиот омилен вкус на кој веќе сите се навикнавме, а кој е познат по неговата густа пена која е карактеристична за камените млинови на кои се произведува ова кафе. За сите оние кои тешко се будат и на кои им е потребна екстра мотивација во текот на денот, тука е Grand кафе Strong да им даде нова доза енергија секогаш кога ќе им биде потребно. Без разлика дали уживате во посебно ароматичното Grand Aroma кафе или во кафето со софистициран вкус како Grand DeLuxe, наменето за вистинските хедонисти, вие секако го заслужувате само најдоброто!
„Гранд кафе“ се придржува до неколку принципи: беспрекорен квалитет на сировините, највисоки производни и безбедносни стандарди, автоматизирана технологија, надзор и контрола кои ги спроведуваат врвни технолози, а тоа е гаранција дека секоја шолја Grand кафе содржи кафе со највисок квалитет.
Дури и во тешките моменти низ кои поминуваме последните неколку месеци, кафето за многумина беше извор на утеха и навика од која е тешко да се откажат. А и зошто би, кога тоа е секојдневно задоволство кое ни ги буди сетилата, ни дава енергија, не’ држи будни и концентрирани? Во периодот на пандемија, кафето се претвори во основен и незаменлив производ без кој не може да се замисли ниту едно домаќинство.
Сега, преку купување на Grand кафе можете дополнително да придонесете за зајакнување на домашната економија и на тој начин да вложите во вашата заедница, а за возврат ќе го добиете единствениот вкус на вашето омилено Grand кафе. Се работи за владината мерка за обезбеднување на неповратни средства за одредени групи граѓани, предвидена со платежната картичка за која можевте да се регистрирате на https://kupuvamdomasno.gov.mk/mk/. Оваа владина мерка предвидува повторно вложување на средствата во домашната економија, преку набавка на роба произведена во Македонија. Тоа значи дека Grand кафе веќе се наоѓа на листата производи кои можете да ги купите со платежната картичка „Купувам домашно“.
Задоволството е особено големо кога можете истовремено да помогнете на економијата на нашата земја додека го пиете вашето омилено Grand кафе, кое е еден од производите кои можете да ги купите со оваа платежна картичка.
Почитувајќи ги желбите на потрошувачите, „Гранд кафе“ изгради препознатлив концепт на уживање во кафето – секогаш најдобар квалитет, богата лепеза на производи, препознатлива арома, уникатно естетско уживање, иновативност и достапност во секое време, на секое место. Затоа, уште денеска искористете ја шансата да ги набавите вашите омилени Grand производи, кои ќе ви пружат врвно уживање во вашиот омилен мирис и вкус!