Две ученички од Скопје на екскурзија консумирале екстази

Од Клиниката за токсикологија вчера пријавиле дека кај нив биле донесени две четиринаесетгодишни ученички од основно училиште од Скопје.

МВР јави дека по преземени мерки, било утврдено дека во селото Дељадровци, скопско, за време на училишна екскурзија, двете ученички се однесувале агресивно и почнале да губат свест, по што била повикана Итна медицинска помош.

Притоа, тие изјавиле дека конзумирале таблети, најверојатно екстази, кои ги криеле во облеката. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Translate »