Момче загина удирајќи во бетонски ѕид
Синоќа во сообраќајка загина 28-годишниот прилепчанец Игор Вељаноски, кој со автомобил хонда удрил во бетонски ѕид и влетал во двор на улицата „Александар Македонски” во Прилеп, потврдија од МВР.
Според првичните информации, загинатото момче изгубило контрола врз автомобилот и удрил во бетонски ѕид, го срушил ѕидот и влегол во двор каде удрил во џип. Од ударот Вељаноски починал на самото место. Екипа на Итната медицинска помош констратирала смрт.