Арбен Таравари се жали дека му се закануваат
На социјалните мрежи гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари се пожали дека добил закани по живот за него и неговото семејство .
Како што пишува Таравари, заканите му ги упатило лице познато по неговото криминално досие и учествувал во нападот на наставници во гостиварската гимназија.
„Ти не си само мој непријател, ти си непријател на цел Гостивар. Не сакав да ти посветам толку внимание, бидејќи ти си жртва на политичко-мафијашки феномен. Поединци како тебе се големи должници на правдата и време е да си го платите тој долг, стои во објавата на Таравари на неговиот Фесјбук профил додавајќи дека случајот ќе биде пријавен пред органите на правдата и дека ќе бидат известени сите амбасади, институции и меѓународната политичка јавност.
Според партијата на Таравари зад заканите стоела политичка партија.
„Овој срамен чин, заканата по живот, ја покажува темната страна на ДУИ и нивните партиски експоненти, кои заштитени од законот, си дават право да дејствуваат како локални шерифи, и да одат толку далеку дури со јавно заканување на градоначалник, избран од страна на легитимните гласови на своите граѓани, стои во соопштението на Алијансата за Албанците од каде бараат полицијата и обвинителството, како и сите други релевантни институции, што е можно поскоро насилниците да се изведат пред лицето на правдата.