Милошоски: Димитров си бара нова работа

loading...

Антонио Милошоски, поранешниот министер за надворешни работи на фејсбук пишува дека според дипломатски извори од Обединетите нации,  Димитров започнал комуникација за вработување во некое од седиштата на ОН во Њујорк, Виена, Хаг или Женева.

– Не знам дали кариерата на Никола Димитров е „на иста линија” со онаа на Заев, која исклучиво зависи од решението на спорот со името, но дипломати од Обединетите Нации дојавуваат дека министерот долгорочно не ја гледа својата перспектива во Република Македонија. Но, времето ќе покаже”, пишува Милошоски од Холандија каде што е во посета на Меѓународната организација за забрана на хемиско оружје.

Милошоски кој заедно со Димитров беше ко-агент на Македонија за време на тужбата против Грција во Хаг во последниве месеци е активен на социјалните мрежи со инсајдерски информации за процесот за името.

 

Translate »