Бананата е природен антидепресив

Најпознатите плантажи за банани ги има во Малезија, а се употребуваат повеќе од 4.000 години, и корисни се за здравјето на човекот.

Бананата е слатка, има околу 100 видови, а е исклучително здрава, се користи свежа и за различни рецепти.

Има 74 посто вода, малку масти и шеќери, многу витамини особено Ц, Д, Е.

Богата е со магнезиум, фосфор, калциум, цинк и бакар.

Има само 90 калории, а создава ситост.

Го намалува ризикот од срцев удар, се препорачува при стрес, нервоза, депресија, анксиозност и тага бидејќи го подобрува расположението.

Помага и да се одвикнеме од штетната навика – цигарите.

Бананата е едно од најздравите овошја, но запаметете – не се става во ладилник.

Translate »