Видео:Роберт Де Ниро го опцу Трамп на доделувањето на наградите “Тони”,публиката го награди со аплауз

loading...

Оскаровецот и актер Роберт Де Ниро (74) за време на доделувањето на наградите” Тони “извика навреда против американскиот претседател Доналд Трамп,на телевизиски пренос во живо.

Де Ниро го најави музичарот Брус Спрингстин на сцената на Њујоршката Радио Сити Музичка сала.

– Ќе кажам само една работа. F … Trump! – изјави холивудскиот ветеран. Публиката во која седеа театарски актери, режисери и продуценти, аплаудираа на неговите зборови.

Де Ниро не го објасни својот коментар и веднаш се префрли на најавата за Спрингстин.

– Брус, можете да ја стресете куќата како ниеден друг, – рече тој, додавајќи дека легендарниот музичар, како што самиот вели, секогаш се залага за “вистината, транспарентност и интегритет во владата.”

“Уф, колку ни е потребно сега”, заклучува актерот.

Телевезиската мрежа CBS успеа да ја цензурира пцовката на Де Ниро во преносот во живо.

Наградите на Тони се даделуваат за најдобри остварувања на Бродвеј, а минатогодишната награда ја видоа шест милиони гледачи.

Translate »