Почна фестивалот на европски филм Синедејс, филмови што ви ги препорачуваме

Почна 17. издание на Фестивалот на европски филм Синедејс. Мотото на годинашниот Синедејс, кој ќе трае до 18 ноември, е „Збогати се преку ноќ“, а ќе се прикажат над 100 филмови во неколку програми: гала, официјална, СинеБалкан, музички документарци, МК во ЕУ, ретроспектива на Милош Форман, МК кратки филмови, студентска и детска програма и СинеМјузик. Билетот за гала програмата чини 150 денари, а сите останати проекции се по 100 денари. Проекциите од студентската, детската програма и од МК кратки филмови, како и за работилниците се со бесплатен влез.

Во прилог неколку предлог филмови кои  дефинитивно, треба да се гледаат:

 

Suspiria

17 ноември | 23:00 | кино Милениум
IMDB: 7.2

Како да не започнам со Suspiria? Во режија на одличниот Luca Guadagnino („Call Me By Your Name“; „A Bigger Splash“), во главна улога уште попрекрасната Tilda Swinton, саундтрак дело на Thom Yorke, и сето римејк на филм од мојот омилен режисер, Dario Argento. Ед-вај че-кам.

 

 

 

 

 

The Favourite

16 ноември | 20:00 | кино Милениум
17 ноември | 15:00 | кино Милениум
IMDB: 8.1

Уште еден филм кој го бираме по звучното име на режисерот. Yorgos Lanthimos е ликот кој стои позади „Lobster“, „Dogtooth“, „The Killing of a Sacred Deer“. Во главна улога е Emma Stone, на IMDB има оцена 8.1, а описот започнува со „Ран 18 век. Англија е во војна со Франција. Но, и покрај тоа, трките со патки и јадењето ананас се во полн ек.“ Зар можеш да одолееш?

 

 

 

 

 

Everybody Knows

13 ноември | 22:30 | кино Милениум
14 ноември | 15:00 | кино Милениум
IMDB: 7.1

Asghar Farhadi (од Иран) е одличен режисер. Од другите негови филмови омилен ни е „A Separation (2011)“, а овој звучи како да е во најмала рака подеднакво добар. Во главните улоги се Penélope Cruz и Javier Bardem, а дејството се случува на лозје во село во Шпанија.

 

 

 

 

 

Blackkklansman

15 ноември | 20:00 | кино Милениум
16 ноември | 17:30 | кино Милениум
IMDB: 7.7

Blackkklansman е најновото дело на легендарниот Spike Lee, а ја разработува темата на Кју-Клукс-Кланот (ККК) и неговото влијание во раните 80-ти во Америка. Филмот ја следи приказната на Ron Stallworth, првиот детектив афроамериканец во полицискиот оддел во Колорадо Спрингс.

 

 

 

 

 

The House That Jack Built

11 ноември | 22:30 | кино Милениум
12 ноември | 17:30 | кино Милениум
IMDB: 7.1

Се разбира дека нема да го пропуштиме Lars von Trier. А оваа година ќе имаме можност да го погледнеме неговиот најнов филм, „The House That Jack Built“, кој ја следи приказната на американски сериски убиец од 70-тите.

 

 

 

 

 

 

Dоgman

16 ноември | 22:30 | кино Милениум
IMDB: 7.5

Добитник на поголем број на награди, меѓу кои и за најдобра главна улога на фестивалот во Кан, „Dogman“ е филм во режија на Matteo Garrone, со Marcello Fonte во главна улога. Приказната го следи Марчело, ситен и нежен професионален грумер на кучиња, кој ќе се најде вовлечен во опасен однос на потчинетост кон Симоне, поранешен боксер насилник.

 

 

 

 

 

Види ја ти неа(МК)

17 ноември | 21:00 | кино Фросина
IMDB: 7.6

Краткометражен филм (20 минути) во режија на Горан Столевски, добитник на голем број на награди меѓу кои и за „Најдобар интернационален игран филм“ на 34-тиот Филмски Фестивал Санденс. Ја следи приказната на младата Анета, која се обидува да ги реши проблемите во нејзиното семејство и училиште, преку приклучување во исклучиво машкиот верски ритуал, скокање по крстот за Водици.

 

 

 

 

 

 

Don’t Worry He Won’t Get Far On Foot

15 ноември | 22:30 | кино Милениум
16 ноември | 15:00 | кино Милениум
IMDB: 6.9

Искрено, не само што е во режија не неверојатниот Gus Van Sant, туку дополнително го избравме и затоа што во последно време (како и останатиот дел од светот) сме опседнати со Jonah Hill. А покрај неговото име стои и тоа на Joaquin Phoenix, па таму некаде при крајот на листата (што значи се појавува бар на кратко) ја пишува и Kim Gordon од Sonic Youth!

 

 

 

 

Via Carpatia

17 ноември | 19:00 | кино Фросина
IMDB: 4.4

Од официјалната селекција најмногу впечаток ни остави она што го прочитавме за „Via Carpatia“ на сајтот на Cinedays, односно: „Пјотр и Јулија со месеци го планираат нивниот одмор. Тие дури се имаат погрижено со себе да го поведат и нивното домашно милениче – желка. За жал, плановите ќе им ги расипе мајката на Пјотр, која сака Пјотр да го донесе дома неговиот татко, бегалец…“

 

 

 

 

 

The Chaotic Life of Nada Kadic

16 ноември | 21:00 | кино Фросина
IMDB: 6.4

 

Translate »