„Тој што нема да го научи своето дете со пот на лицето да заработува за леб, тој одгледува крадец“

Зошто евреите се толку успешни и богати? Дали може да научиме нешто од нив!

Пред многу години го посетив Сиднеј, на покана од мои пријатели Mакедонци иселени од нашата земја пред 50-тина години. Топло ме пречекаа, и го отворија својот дом за мене. Бев дојден кај пријатели, кои сакаа да ми го покажат светот во кој живеат. Посетив многу музеи, знаменитости, запознав многу различни луѓе, свет дефинитивно поинаков од оној од каде што доаѓав. Ме прошетаа низ Сиднеј, каде имав навистина многу позитивни и богати впечатоци. Се изнаслушав приказни за Кинези, Абориџини, за македонската, грчката заедница, за првите доселеници. Но сепак нешто што навистина ми остави посебен впечаток беа Евреите.

Кога се шетавме, туристички со автомобил низ градот, секогаш кога ќе дојдевме до елитни населби, со најубави куќи со чисти паркови, ме информираа дека тука живеат Евреи. Кога правевме муабет за образование, за факултети, испадна дека Евреите учат и студираат во најдобрите училишта и факултети. Секогаш средени, дотерани, чисти и културни. Внимателни, секогаш спремни да ислушаат и да помогнат. И покрај фактот што ги има во пoмал број, Евреите отсекогаш биле успешни скоро во секое поле без разлика дали е бизнисот, актерството или IT светот. Само би ги спомнале Лари Елисон –Oracle, ко-основачите на Google, Сергеј Брин и Лери Пејџ, Мајкл Блумберг, Мајкл Дел и многу други.

Која е нивната тајна?

Во начинот на кој растат, се школуваат и на крај во нивната религија. Во еврејските семејства е сосема вообичаено едногодишно дете само да јаде, а родителите да не трчаат со храна по нив. Тоа е така затоа што Евреите им дозволуваат на децата сè да работат сами штом физички ќе станат способни за тоа. Нивната филозофија е дека децата треба да бидат независни и да се насочуваат кон нови знаења. Не ги критикуваат и не ги тормозат “немој ова, немој она” не им прават притисок да ги имаат сите петки во училиште.

Ако детето почне со некакво хоби, родителите треба да го поддржат и да го охрабрат. Ако нешто не му оди како што треба, Евреите му велат дека секој почеток е тежок, а не дека тоа е мало и неспособно за тоа. Ако детето направи нешто, тоа треба да се пофали, но и охрабри за многу повеќе. Децата не ги лажат со слатки колачиња нешто да направат. Трпеливи се и истрајни, и не попуштаат пред детските плачеви.

Не е ни случајна еврејската поговорка Тој што нема да го научи своето дете од потта на лицето да заработува за леб, тој одгледува крадец.“

Не им купуваат скапи подароци, не им фаќаат врски во училиште, едноставно сакаат да ги оспособат самите да бидат самостојни, способни да заработуваат, да бидат флексибилни и прилагодливи на различни ситуации.

Интересна е информацијата дека во Израел сите деца, машки и женски по завршување на средно училиште одат да служат војска една година, за што се платени. По неа 95% од нив се решаваат со парите да патуваат една, две години низ светот, и тоа сами, за да осознаат подобро што е она што го сакаат, за  потоа да се решат дали ќе одат на факултет, или ќе продолжат со некоја работа.

Фамилијата, и заедништвото за нив е нешто најсвето.

Сепак, почитувањето на родителите се всадува уште од најрана возраст. Секое дете во еврејското семејство знае дека родителите се главни, а она што тие го работат има помало значење. Но, токму поради тоа тие никогаш не зависат од родителите и не бараат од нив да направат нешто наместо нив, туку сè работат сами.

За крај, нивната тајна е во довербата и поддршката што ја имаат меѓу себе. Тогаш нека не не чуди зошто Евреите се веројатно најбогатиот народ во светот.

Р.Р.

Translate »