Најдобрата опција за реновирање – renoviranjeskopje@gmail.com

Важно за уредувањето на домот е секогаш добрата идеја, но честопати поради незнаење финалната изведба може да биде разочарување за домаќините. Како да го реновираме домот, а при тоа да не си создаваме проблеми?

Одлично прашање за почеток на разговорот. Сите проблеми доаѓаат од немање на идеја или немање на концепт. Потоа би додал, немање основни познавања за тоа што значи овој сложен процес. За да ги избегнеме замките кои знаат да предизвикаат технички а со тоа и финансиски проблеми, добро е да е однапред се обмислено од страна на стручно лице. Без разлика дали станува збор за мало реновирање со едноставно освежување или комплетно реновирање, реновирањето на стан , или куќа, е возбудлив проект во кој не може да се импровизира . Со тоа ќе го направите вашиот живот полесен. Реновирањето на станот мора да има за цел да го оптимизира изгледот, просторот за живеење, изолацијата и удобноста . Тоа ви овозможува, на пример, да уживате во избалансирани температури во домот, кој има еколошки и економски придобивки. Реновирањето на стан, исто така, може да ви овозможи да го прилагодите вашиот дом по купувањето или следејќи ја еволуцијата на неговата употреба: додавање на дополнителна просторија за пристигнување на бебе, адаптација на домување на постаро лице со намалена подвижност.

Оваа е работа која не трпи премислувања на средина на реновирањето, уште помалку на крај, а доколку има такви, а има, тогаш мора да имате идеен проект и соодветен човек што ќе ја реализира работата. Сега новото време носи нови предизвици и стилови и материјали кон кои мора да се адаптираме. Живееме во време на интернет. Поради тоа нашата страница Реновирање Скопје, подолго време е во онлајн комуникација со клиентите. Содржи огромен број на идеи како инспирација во донесувањето на конечните проектни и дизајн одлуки. Денеска реновирањето подразбира сложени градежни операции од занаетски карактер. Некои реновирања вклучуваат и до 18 видови на занаети. Започнувајќи од рушење и разни демонтажи до прецизни ектрични и електронски монтажи. Отстранување на постоечките ѕидови за да се смени организацијата на просторот, подразбира дислокација на големи количини на шут па и до 10тони. Најчесто се покажува дека треба да се вади старата подлога и да се монтира нова кошулица без обзир на височина на објектот. Старите и дотраени купатила бараат отстранување на старите плочки и старите водоводни и елетрични инсталации. Старите гусани одводни цевки не се компатибилни со новата генерација на материјали. Спојувањето и надоврзувањето е сложен процес. Плафоните во постарите градби сеуште се врзувани со стара трска. Потребно е нивното отстранување и менување со гипс плочи. Секако дека е најлесно да се справите со новата градба. Меѓутоа, справување со градбите од минатиот век, носаат многу непознаници и предизвици. Само големо искуство може да ве спаси од проблемите во кои можете да се најдете.

Која е предноста да се ангажира професионалец при реновирање на домот. Кои се бенефитите?

Нашето искуство покажа дека тоа е неминовно. Во минатото луѓето сами започнуваа. Денеска веќе ги користат нашите услуги по системот ,,Клуч на рака“. На почетокот немаа доверба. Но, сега и тоа како ја препознаваат улогата и предноста да се има човек кој што ги познава фазите, материјалите и располага со добар тим на мајстори. Ние делуваме како тим од првата па до последната фаза. Поради тоа успеваме да ги запазиме претходно утврдените рокови со клиентите. Бидејќи нема празни одови. Така да едно класично реновирање на просечен стан од 50 тина м2 трае месец дена, додека реновирање на купатило трае 7 дена.

Го насетувате вкусот на муштеријата, па скиците се прават по негов терк или има и луѓе кои не знаат што сакаат па вие им давате идеја?

Точно е дека немаат сите клиенти можност да платат надворешни автори на проекти. Затоа, ние како тим започнавме со проектирање и дизајн. Во нашата понуда воглавно е во цената изработка на основен прект кој подразбира мерење на терен, увид во состојбата на станот или деловен простор. Советите преку нашата страница секогаш се бесплатни. Па така и првото излегување на терен е бесплатно. На клиентите им излегуваме во пресрет на нивите желби. Помагаме во одредување на финасискиот пакет во оквир на нивните можности. Како дизајнери на внатрешни ентериери и истовремено изведувачи, во контакт сме со добавувачи на разни дизајнирани материјали, пратиме што се случува на надворешниот пазар, посетуваме и саеми. Најголемо искуство стекнуваме преку зимска работа во Холандија и Германија.

Знаеме дека есапот дома и есапот на пазар не е ист. Како да направиме груба пресметка колку би не чинело реновирањето или уредувањето на домот?

Во одредувањето на буџетот можам да кажам дека сме први на пазарот кој што ја имаме дефинирано основната или појдовната цена. Поради тоа имавме доста замерки од колегите. Но, денеска тоа е веќе надминато. Основниот пакет е веќе мерлив по метар квадратен ивестиција. И таа се движи кај делумно реновирање од 60е до 100е по метар квадратен. Додека тотално реновирање започнува од 160е па достига и до 200е по метар квадратен. Секако дека во оваа цена влегуваат работната рака, градежните материјали и дизајнираните материјали. Цените над 200е по метар квадратен подразбираат дополнително вградување мебел по мерка.

Сте реновирале многу домови, сте усреќиле многу семејства, може ли да одвоите некој проект со кој особено се гордеете?

Секое реновирање е приказна за себе. Има реновирања кај што логично има и повеќе предизвици што зависаат од сложеноста на зафатот. Знаеме дека фондот на становите во Скопје подразбира згради кој што се градени веднаш во периодот после втората свестка војна. За многу од нив нема ни архитектонска документација. Пример, за да сопрете вода во едно купатило во Мичурин, треба да ја исклучите целата населба. Мора да делувате брзо и ефикасно. За да реновирате во таканаречените руски згради во Карпош, бидејки нема лифтови, мора да носите се на раце, понекогаш и неколку тони материјал. Во Припор реновиравме куќа градена со кал во 1928 година без пристап ни од една страна, поради нерешени имотно-правни односи. Така да моравме да плаќаме за пристапот. Денеска таа куќа ја краси населбата. Многу пати инвеститори инсистираат на рушење на оџак кој што е забранет со закон да се демонтира. Има барања да се отстранат носечки ѕидови, кои што во нашите проценки не биле предмет на рушење. Се почесто имаме инвеститори од странство. Тие не набљудуваат преку интернет, со поставување на камера. Интересно беше да работиме за клиент кој што управува со еден од најголемите преку-океански бродови со Панамско знаме кои што пренесуваат нафта. Капетанот редовно од сабајле ќе ни испратеше поздрав, а ние на него – мирно море, со желба да ни се врати во Скопје. Од последните проекти би спомнале санација и реновирање на опожарена барака во Драчево. Каде освен што мора да бидете прецизни, мора да бидете и брзи, бидејќи луѓето немаа каде да живеат. Најголемата награда за оваа работа се насмевките што ги добиваме од клиентите. Сепак би ја истакнал работата со помладите брачни парови. Тие секогаш настапуваат со многу голема доверба, а кога е така работата тече беспрекорно.

https://www.facebook.com/renoviranjeskopje/
Translate »