Спектакл во Градскиот парк во Скопје-Концерт „Квин симфони шоу“

Концерт „Квин симфони шоу“ на кој ќе настапи познатиот „Квин ријал трибјут“ бенд од Србија заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и Хорот на Македонската опера и балет ќе се одржи вечер во 21 часот во Градскиот парк во Скопје.

Менаџерот на бендот, Пеџа Стојниќ  ветува дека  вечер ќе има спектакл во Градскиот парк во Скопје.

– Сме свиреле во разни метрополи. Ова што Скопје го прави е на ниво на големите европските градови во кои во летниот период се одржуваат големи концерти, големи културни манифестации, додаде Стојниќ.

„Квин ријал трибјут“ ќе настапи во состав: Иван Ристановиќ – вокалж, Ненад Бојковиќ – гитара, Иван Дерфи – бас и Радош Чапин – тапани.

„The Show Must Go On“, „We Will Rock You“, „Bohemian Rhapsody“, „I Want To Break Free“ и „We Are The Champions“, се само некои од мегахитовите на легендарната група „Квин“ кои ќе можат да се слушнат во Градскиот парк, заедно со оркестарот и хорот со кои ќе диригира Милош Јовановиќ, кој наедно е и автор на аранжманите

Translate »