Коѕиас во недела ќе ги потпише,а во понеделник ќе бидат испратени писмата да ЕУ и НАТО
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас денеска изјави дека во недела ќе ги потпише, а во понеделник наутро ќе бидат испратени писмата до ЕУ и НАТО дека неговата земја нема да се противи за евроатлантската интеграција на Македонија.
Тој по конференцијата за стабилност и безбедност на Родос потврди дека ја добил нотата од македонското МНР дека договорот за името бил ратификуван, а во понеделник Грција ќе го исполни нејзиниот дел од обврските.
Според него, за да има напредок „потребен е позитивен договор на Советот за општи работи, а таму постојат тешкотии“, бидејќи, како што истакна Коѕијас, има земји што се спротивставуваат во овој момент да се даде датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ.