Холандија и Германија “за”, на Франција се чека

Откако холандскиот парламент даде зелено светло за отпочнување на преговорите на ЕУ со Македонија, се огласи и германската Влада.

. Во писмо упатено до Бундестагот, а кое го пренесе „Дојче веле“, германската Влада оценува дека реформскиот биланс на македонската Влада говори во корист на почеток на преговори за членство во ЕУ на претстојниот Самит на Унијата следната недела.

„Одобрувањето (одредувањето датум за почеток на преговори) ќе биде вистинскиот позитивен сигнал за македонската Влада, која фокусирано го следи реформскиот курс наспроти политичкиот притисок од внатре и однадвор. Сепак, условеноста мора да биде задржана“, се наведува во писмото од германската Влада .

Сега се чека и на одлуката на Фрација, која има дилеми за проширувањето на ЕУ.

Од француската  амбасада во Скопје соопштија дека одлуката лично  ќе ја каже  престедателот Макрон на Самитот на ЕУ на 29 јуни.

Translate »