Sky Bar Панорамика ресторанот со најубав поглед на Скопје

Во Скопје има многу ресторани, но ретко за кој може да се каже дека има толку убава панорамска глетка на градот како ресторанот “Sky Bar Панораника”. Место кое освојува на прв поглед и е посакувано место за посетители со софистициран вкус. А Скопјани отсекогаш важеле за луѓе со вкус, луѓе кои сакаат да се дружат и да уживаат во убава храна.

„Sky Bar Панорамика“ е модерен ресторан идеален за склучување бизнис договори, за оставање впечаток пред партнерите и соработниците, за започнување љубовни приказни, за создавање пријателства. Место за родендени, за семејни прослави за забава и за уживање!

Специјалитети од свежо месо, најдобриот бифтек, риба, традиционални македонски јадења и се друго што посетителите можат да посакаат! Гостопримство и љубезност, весела атмосфера се нештата кои ја создаваат денешната слика за “Sky Bar Панорамика ” што е и причина зошто во последно време се повеќе ова место е изборот за голем број на скопјани, дипломати, познати личности кои го посетуваат и воодушевени си одат. Ресторанот работи секој ден, цените се пристапни, а добрите домаќини можат да подготват јадење и по желба.

Без разлика дали се работи за бизнис ручек, дружење со пријателите или романтична вечера во “Sky Bar Панорамика” секое дружење се претвора во позитивно искуство. Животот е краток за да не уживаме секој момент во него!

Translate »