15 години од смртта на Борис Трајковски

“Човек – изјава“, вака во новинарската фела го нарекоа Борис Трајковски, кој како заменик министер за надворешни работи во 1998 година, во екот на бегалската криза на Косово, кога Македонија ги отвори границите за бегалците и минуваше низ тешки денови, често обвинувани за начинот на кој се справуваме со тогашната криза, тој  на меѓународната заедница и порача:

“Пратете авион и земете ги“.

На крајот од 1999 година, како кандидат на десно-центристичката влада на Љубчо Георгиевски, тој станува втор претседател на Македонија, но и овие избори остануваат под превезот на партиски обвинувања. Според бројот на гласови Трајковски во првиот изборен круг беше далеку зад тогаш првопласираниот Тито Петковски. Но во втриот изборен круг, Трајковски ја понесува победата која беше прогласена за “пирова“, добиена преку “контингент гласови на Албанците.

СДСМ тогаш Трајковски го нарече “Граѓанинот Борис Трајковски“, но по обелоденувањето на аферата “големото уво“ работите се променија, а тогашниот шеф на државата Трајковски на некој начин воспостави соработка со СДСМ.

Трајковски прв ја воведе аболицијата, кога во 2003 потпиша ослободување за кривично гонење во аферата “Големото уво“ за тогашната министерка за внатрешни работи Доста Димовска и тогашниот началник на Петтата управа на МВР.

Кобното утро, на 26 февруари, 2004 година, Борис Трајковски, го загуби животот во авионска нереќа кај Мостар. Уривањето на владиниот кингер, и покрај серијата на истраги, наоди и сознанија, за дел од јавноста сеуште е мистерија.Борис Трајковски, кој беше особена личност и народен човек кој го живееше својот живот посветен на својата земја и по 14 години од трагичната смрт претставува инспирација и гордост за сите граѓани.Многумина се убедени дека да беше меѓу нас, Трајковски ќе ја направеше Македонија далеку подобра земја од денес.

Во чест на неговиот живот и дело денеска пред споменикот кој се наоѓа на платото пред најголемиот спортски комплекс во нашата држава, кој воедно го носи неговото име, ќе биде одадена почит и положено спомен цвеќе.

Translate »