Трагедија во Британија – Две деца убиени , четири се во болница, родителите во затвор (ВИДЕО)
Од рано утрово полицијата го затвори предградието на Шефилд , каде две момчиња на возраст од 13 и 14 години се убиени. Во болница се пренесени уште четири деца на возраст од 11, 10 и 3 години , како и едно седум месечно бебе.
Полицијата уапси 37 годишен маж и 34 годишна жена , поврзани со несреќата , но нема детали што точно се случило.
Жителите велат дека утрово околу 8 часот пред куќата стигнале 15 полицуиски возила и 4 возила на итната помош . Од полицијата најавуваат повеќе детали , откако ќе заврши истрагата , а медиумите пишуваат дека станува збор за семејно насилство.