Видео од мајка која удира во столб со двете деца, за да им докаже дека Бог постои

Американкa од Џорџија, мајка на две деца Бакари Шекил Ворен на бизарен и опасен начин сакала да докаже дека Бог постои. Таа намерно удрила со автомобил во столб за на своите деца да им докаже дека Бог ќе ги заштити објави “Фоксњус”.

Несреќата била снимена со безбедносните камери кои забележале дека жена која вози џип намерно преминала во другата лента надвор, па надвор од автопатот и на крајот удира во бетонски столб, што предизвикала значителна штета на својот автомобил.

За среќа, никој, вклучително и петгодишното и седумгодишното дете,не биле повредени во несреќата.

Полицијата побарала одговори на една од нејзините ќерки за тоа што се случило, а еден малецката одговорила:

“Нејзините очи беа затворени, а таа велеше дека го сака Бог. Таа не сакаше само да предизвика сообраќајна несреќа, таа сакаше да знаеме дека Бог е вистински.”

Полицијата вели дека можело да заврши многу полошо, сообраќајот можел да биде погуст, а имале и среќа под каков агол завршила колата во столбот.

Translate »