Германските избори ги споија Заев и Мицкоски!
Премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва се меѓу гостите на германската амбасадорка Анке Холштајн која приреди прием по повод парламентарните избори во Германија.
На фотографија објавена на фејсбук профилот на Дојче веле, Заев и Мицкоски се во друштво на амбасадорката Холштајн.
„Изборите во Германија вечерва ги споија премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во друштво на амбасадорката Анке Холштајн, со колбаси и пиво се следат резултатите од изборната драма во Германија”, пишува во ФБ објавата на Дојче веле.
Меѓу гостите се и шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за здравство Венко Филипче, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, евроамбасадорот Дејвид Гир и други странски амбасадори.