Драма во Ресен: Со нож се обидела да го повреди сопругот со кого се разведуваат, ја нападнала и неговата нова девојка

Семејна драма се случувала вчера во Ресен, кога 31-годишна девојка (Д.Н). се обидела со нож да го повреди сопругот со кого се во бракоразводна постапка.

Таа дошла кај сопругот заедно со својата мајка и двете физички ги нападнале баба му и неговата нова девојка. Потоа, Д.Н. се обидела со нож да го повреди него.

Полициски службеници излегле на местото и од жената бил одземен ножот.

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Translate »