НИКОЛОВСКИ: ЌЕ СЕ СМЕНИ ЗА БРЗО НАЌЕ ЧУЛЕВ, НО ЌЕ СЕ СМЕНАТ И ДРУГИ МИНИСТРИ

„Ќе се смени за брзо Наќе Чулев, но ќе се сменат и други министри!“, реагира генсекот на СДСМ, Љупчо Николовски на пресот на Игор Јанушев.

„Ќе си имаме фер и безбедни избори, без нарушување на здравствените мерки. И ќе се вратиме конечно во колосек.

А местата кои Чулевци и некои други ќе ги испразнат, ќе ги пополниме со чесни луѓе, домаќини. Правични и работливи како моите сонародници од истокот, каде денес имав чест да го поминам денот.

Доаѓаат убави времиња…“, посочува Николовски.

Translate »