Во споредба со Ковид-19 оваа болест на годишно ниво убива околу 750.000 луѓе, а СЗО во борбата против неа троши милијарди долари
Иако може без проблем да го убиете со вашите дланки, комарецот сепак е најсмртоносното животно на планетата.
Синот на Филип II, Александар Македонски не можела да го запре ниту една вооружена сила во тоа време. Пред него ‘паѓале’ најголемите кралства и царства, а сепак тој починал од еден мал комарец – маларија.
Комарецот е инсект двокрилец од фамилијата „Culicidae“, која што опфаќа околу 3.500 видови.
Секоја година, како што пренесува СЗО, комарците предизвикуваат смрт на околу 750.000 луѓе.
Комарецот не го прави тоа сам туку со помош на разни паразити и вируси. Само маларијата годишно убива околу 400.000 луѓе, без оглед на современата медицина. Тука спаѓа и денга грозницата, жолтата грозница, јапонскиот енцефалитис...
Според тоа, на годишно ниво во борбата против овие болести се трошат околу 10 милиони долари.
Инаку, само женките комарци се смртоносни затоа што тие ја ”пијат крвта” (мажјаците се хранат со сокови од растенијата).
При убод на комарец, плускавецот кој што останува на кожата често во себе содржи вируси и паразити.
Животниот век на комарецот е само седум дена, но за тоа време секоја женка комарец може да постави свои нови легла повеќепати, а во нив има 200 нови единки.
Интересен факт е тоа што комарците летаат со брзина од 1.5 до 2.4 км/ч..