Радио водителот Сетинова се потсети за пеколот низ кој помина во страотниот пожар во Ханиоти
Пред 12 години , во страотниот пожар на Касандра, бевме јас и сестра ми, во тогаш монденското Ханиоти. Доживеавме вистинско хорор-Меник Мандеј сценарио . Денот(21.08.2006) започна идилично, со море кое потсетува на сафир во течна состојба, и со песочна плажа која блеска во боја на бело злато. Нежно ветерче од околната шума носеше мирис на елки, смреки и бор. Сето тоа во комбинација со мирисот на морето и хармоничниот ритам на неговите бранови, ме инспирира да виуелизирам дека постои рај, и дека тој рај е токму таму и токму тогаш. Но, не рекле бадијала дека се што е убаво кратко трае. По ручекот шетавме низ градчето и завршивме во еден прекрасен бутик за колачи, вистински гастронимски празник! На излегување од слаткиот рај, не дочека силен ветер и некаква портокалова светлина која стануваше се поголема и поголема , а доаѓаше од врвот на блиската шума. Помисливме дека е некој природен феномен, па се измешавме со толпата Скандинавци и се местевме да го фотографираме чудото.
Одеднаш, портокаловата светлина се распрсна и почна да доаѓа кон нас.Со неверојатна брзина, нешто што наликуваше на вжарени портокали почна летајки да удара по луѓе.Летаа пеколни портокали додека ние , дотогаш љуботпитните туристи, трчавме и се тегневме за раце.Луѓе паѓаа, луѓе поминуваа преку луѓе, панично стампедо во сите правци трчаше низ монденскиот рај. Насмеаните лица ги замени грч и страв, одеднаш се посиве,се здуши, а рајот се престори во пекол…за само 5 минути.
Ја пронајдовме вилата во која бевме сместени,се качивме во апартманот кој веќе беше полн со чад, и сестра ми реши да си пушти клима и да си седи внатре, додека да се расчисти лудилото.И врескав дека треба да одиме на море , под итно одиме на море, а она ми одбруси “оди,бањај се“ и ми ја затвори вратата .Шок! Додека ние се буткавме на врата (буквално!),луѓето каде што бевме сместени ја напуштаа вилата, ни соопштија дека пожарот ја запалил бензиската , во чија близина беше бутикот за колачи,каде што бевме пред 10-тина минути. Морав да и се јавам на мајка ми на телефон, за да ја убеди тврдоглавата да ме послуша, затоа што инсистираше да си остане во климатизираната соба !Во тој момент во Ханиоти снема струја , инаетот на сестра ми попушти, грабнавме вода,храна,мобилната аптека и марами за околу уста и се стрчавме низ улици кои не ги познаваме,во мрак, осветлен од ужарени топки и пламени јазици. Плажата која беше на 50-тина метри од нас како да ја трчавме со денови, никогаш пред тоа и никогаш потоа,времето не ми врвело толку бавно. Цело време се вртев и ја барав сестра ми, ја буткаа избезумени луѓе, ја барав помеѓу џипови,кои споствениците си ги паркираа во море ! На крај ја дофатив за рака и немам поим како , но одеднаш двете се најдовме до половина во море.Ги мокревме марамите во вода (многу бргу се сушеа) и ги ставаме преку уста и нос.Не се дишеше.Околу нас црнила,оган и јагленосани гранки кои пловеа низ морето.Викавме и “помош“ и “хелп“ и “СОС“ до пола во вода.Почнаа луѓе од Македонија да доаѓаат кон нас , сите беспомошни,исплашени,испоудрени во мешаницата која се создаде претходно.Од илјадници туристи предежно од Скандинавските земји,Германија,Италија и Грција , не имаше 50 сетина Македонци кои како Господ да ги собра во едно купче.И бевме заедно во море до два ,три часот по полноќ (тогаш огновите почнаа да стивнуваат).Не гледавме дали некој има партиска книшка(кој која политичка опција ја преферира),не гледавме кој во кој бренд е облечен,кој на која религија и припаѓа,кој каква националност е…Добри 7-8 часа сите бевме едно големо семејство,со ладни глави.Делевме се што имавме,се храбревме и поддржувавме. Во еден момент (кога огнот почна опасно да се доближува),се фативме сите за раце и направивме голем круг во морето, молејки го севишниот да ни се смилува за да не одмине огнот.И знаете што ?! Огнената стихија полека почна да исчезнува.Од небо, од околните улички почна да паѓа вода , студена вода. Преживеавме! Се изнадишавме чад ,имавме гребнатинки и хематоми од буткања,од дрва и каoмења, но преживеавме сите до еден.
На таа плажа ,во тој пекол, таа вечер, нуачив што значи поговорката на мојот покен тетин(Овцата која се двои од стадото,волците ја јадат).Научив што значи обединетоста и приданоста кон татковината. Научив што значи Македонија !
Пред рани зори , сите тргнавме кон апартманите.Ништо не ни беше изгорено.Си ги собравме куферите и преспавме на лежалките на плажа. Наредниот ден предпладне добивме помош од нашите домаќини, 500 грама вода!
Од Скопје веќе беа тргнати автобуси кон првиот крак. Сите на купче чекавме да си дојдеме дома .И повторно се што имавме за јадење и пиење поделивме.Назбрзина не собираа во автобуси и минибуси,кои возеа како на писта, додека се околу нас гореше.Сите што побргу сакавме да се вратиме дома.
Не симнаа пред хотел “Бристол“,каде веќе беа вклучени 10-тина камери.Си ги раскажавме доживувањта,не имаше на сите вести.Но, никој ме кажа како успеавме (сред катастрофален пожар,кој однесе и човечки животи) сите да останеме живи и здрави .Затоа сега сакам најгласно да кажам : Бевме обединети, бевме сложни! Тоа ни е единствената опција за преживување на сите непогоди.Ако се одвојуваме (како сега),не ни бега воклот ! Македонијо, мисли му ја!
п.с.Сочувствувам со сите кои поминуваат низ пеколната голгота,во овие моменти во Грција.
п.п.с. имам и фото спомен од пред 12 години : јас пред пожарот и ноќта на плажа (преспивање на лежалка) во Ханиоти , 21 август 2006.
Eлена Сетинова