Џенифер Лопез прослави роденден во бикини
Џенифер Лопез, познатата пејачка и глумица од САД, го прослави својот 49. роденден со вереникот и пријателите, мокра во бикини.
По жешките фотографии со кои ги почести фановите пред големиот ден, популарната пејачка Џеј Ло го прослави 49. роденден во бикини.
Џенифер со семејството и пријателите е на Бахамите, па роденденот го прослави на плажа во минијатурно бикини, а малку жени можат да се пофалат дека тоа би им стоело како создадено за нив.
На фотографијата се и нејзиниот вереник, Алекс Родригез, како и членовите на семејството и пријателите.
„Моментална роденденска ситуација“, напиша Џеј Ло.
На пејачката и пристигнуваа честитки под фотографијата, а нејзиниот вереник на својот инстаграм профил сподели слика на која Џенифер се смее и под која напиша емотивна роденденска честитка
„Кога бевме деца, родендените беа возбудливи поради подароците кои ги добивавме. Сега, прво гледам како тоа се промени за Џенифер, и како таа наоѓа радост и ја дели со останатите. За некој кој дава се од себе 365 дена годишно, за нашите деца, семејството, светот. Се надевам дека денес ние можеме да и ја дадеме среќата која ја заслужува. Те сакам многу“, напиша Родригез.