Сергеј Варошлија: Дали е ова Мис хотелска соба?

„Пред да пишете што и да е, информирајте се претходно, прочитајте си ги Инстаграм полисите и сфатете еднаш дека кога ќе објавите фотографија, таа повеќе не е во ваша сопственост.“ – ова се само дел од обраќањата на Сергеј Варошлија во понеделничкото издание на емисијата „Мода“.

Имено, не е новина дека секојдневно му пишуваат и се закануваат со тужби врз основа на мислењето кое го изнесува за нив во неговата емисија, но без оглед на коментарите, модниот критичар Сергеј Варошлија продолжи со својот концепт и изнесе уште една низа интересни фотографии, мислења на разноразни Инстаграм ликови, но и ја објави новата холивудска соработка.

Имено, станува збор за Круела Девил, дамата од цртаниот филм „101 далматинец“, која ќе пресудува исто како што тоа досега го правеа Менрил Монро, Анџелина Џоли, Мадона и Лана Дел Реј.

Инаку, Варошлија во минутите посветени на модата, наиде на една личност која се чини дека ја претставувала нашата држава на Мис за убавина, па поведен од нејзините објави искоментира:

„Има тука некои мисици. Дали е ова „Мис Хотелска соба“? Каде тргна мисицава и на каков избор е отидена? Важно има трака на која пишува Македонија. Јас не се чувствувам горд со таа трака, ниту што сум Македонец, ниту што има некоја си претставничка што ја претставува нашата земја и што изгледа вака.“ – вели Сергеј и се надоврза на следната фотографија од манекенката:

„Еве ја мисицата одзади. Важно одзади мора да се фотографира. Девојко, па изгледаш како да те удирале. Како на песокот, на камењата да си лежела и си станала. Зошто си ја ставила оваа фотографија? Претходно си како атрактивна, згодна во хотелска соба, имаш трака дека си Мис на непознат избор, односно си „Мис Хотелска соба“ и потоа си излегла на плажа со нозете искривени, со бикините и задникот кој притоа не изгледа добро.“ – додаде модниот критичар.

Емисијата „Мода“ со Сергеј Варошлија може да ја погледнете во видеото подолу:Текстот е переземен од libertas.mk

 

Translate »