МАРИЧИЌ: НЕ ПРЕФЕРИРАМЕ ИЗБОРИ БЕЗ ОПОЗИЦИЈАТА, НО НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ БЕСКОНЕЧНО КОЧЕЊЕ

„Правниот циркус настана затоа што ние сакаме да го свикаме Собранието, за да се избегнат сите овие дилеми околу правната разврска околу изборите и сите добро знаеме кој беше против негово свикување“, изјави Бојан Маричиќ, во емисијата „Еуро фокус“.

„Од септември имаме многу предизвици на сите полиња и нив треба да ги решава политичка влада со полн мандат, како што кажа амбасадорот Жбогар. Ние не преферираме избори без опозиција, не е ова посакувано сценарио за Владата, меѓутоа исто така нема да дозволиме бесконечно кочење на работите“, смета Маричиќ.

Translate »