Како да го смирите нервниот систем од стрес и анксиозност?
Стресот денес е се поприсутен во нашите животи. Брзото и динамично живеење, променливата и нестабилна економија, нарушеното здравје, несредени односи во домот или на работното место, како и политиката или светските воени случувања се најчестите, причините за стрес, кој доколку трае подолго време може сериозно да го наруши не само квалитетот на живот и психичкото, туку и физичкото здравје на човекот (предизвикувајки состојби како дијабетес, висок крвен притисок, атеросклероза и како последици на тоа инфаркт или мозочен удар итн.). Затоа секој од нас денес треба да посвети време на релаксација, справување со стресот и заштита на нервниот систем, велат од компанијата Натуратерапи.
Главните симптоми по кои ќе препознаеме дека нашиот организам реагира на стрес се:
- Хроничен замор и недостаток на енергија
- Зачестени иритации и избувнување
- Чувство на анксиозност, вознемиреност и напнатост
- Тешкотии со заспивањето, често будење и недостаток од сон
- Чести главоболки и болки по телото
- Тешкотии со дишењето или појава на краток здив
- Срцебиење и покачување на притисокот
- Панични напади
- Печење, жежење и болки во стомакот и градите
- Ослабена концентрација, фокус и меморија
Доколку ви се јавуваат зачестено барем некои од овие симптоми тогаш знајте дека е вистинско време за релаксација и грижа за нервниот систем, што можете да ги направите применувајки еден или повеќе од следните начини.
Моќта на дишењето и медитацијата
Кога некој ќе се изнервира или ќе го фати паника и анксиозност, првата препорака која ќе ја чуете е „Диши длабоко“! Дишењето игра голема улога во регулирање на работата на нервниот систем, бидејки со успорување и продлабочување на дишењето можеме да го префрлиме автономниот нервен систем на телото од функционирање во режим на стрес и алертност, на начин во кој нервниот систем работи во режим на релаксација и синхронизирана работа на сите органи. Секогаш кога имате време, а најдобро рано наутро или навечер по завршувањето на обврските опуштете се и применете некоја форма на медитација со длабоко дишење.
Јогата како добро докажана метода
Народите од далечната Азија со векови ја применуваат јогата како метода за смирување на духот и телото. Денес таа се применува и кај нас и како метода ги спојува и техниките на контрола на дишење, визуелизација, релаксација на телото, истегнување и зајакнување на коскениот и мускулен систем – се што е потребно за ослободување од напнатоста и нервозата и постигнување како на релаксација и подобро здравје на нервниот систем, така и подобро физичко здравје.
Физичка активност за справување со стрес
Некои луѓе полесно се ослободуваат од напнатоста со трошење на повеќе енергија, или како што велиме – ослободување од негативната енергија. Спортот и физичката активност во било кој облик, пешачењето, пливањето, возењето точак, тренирањето некој спорт или времето поминато во фитнес центрите помага да се намали кортизолот и да се ослободат ендорфини, супстанци кои ни помагаат да се чувствуваме убаво, среќно и релаксирано. Секој од нас може и треба, барем неколку пати во неделата, да практикува некоја физичка активност што е добро за циркулацијата, која е неопходна за снабдување на нервниот систем со кислород и нутринти, како и одржување и зајакнување на мускулите, коските и се разбира пред се и над се за одржување на доброто ментално здравје.
Употреба на билки и природна терапија
Човекот ги користи билките за смирување, ослободување од стресот и релаксација на умот и телото од дамнешни времиња. И денес модерната фитотерапија и ароматерапија покажува дека многу билки употребени како чај, зачин, тоник, тинктура или есенцијални масла се ефикасни за смирување и релаксација и на телото и на духот и подобрување на работата на нервниот систем.
Нашиот познат нутриционист Сашко Дрвошански препорачува употреба на повеќе различни билки кои можат да помогнат во релаксација на неколку начини. На пример, може да се употребат: Камилица, маточина, кантарион или валеријана како чај за намалување на депресивноста и смирување,
Лаванда, камилица, сандалово дрво, жалфија, рузмарин или ружа како есенцијални масла нанесени на телото или инхалирани за смирување од аксиозност, релаксација и опуштање на телото пред спиење, или масло од лимон или портокал за подобрување на расположението и медитација. Постојат повеќе рецепти за различни комбинации од есенцијални масла кои имаат поширок и поголем ефект.
Ашваганда, мака, жен шен или реиши, најдобро како екстракти во форма на суплементи кои се научно докажани дека помагаат во смирување на хормоните на стрес, релаксација и подобрување на расположението.
Природни додатоци од Naturatherapy
Стресот е значаен фактор на здравјето и растечки здравствен проблем за се поголем дел од граѓаните. Водена од актуелните потреби на граѓаните и најновите научни откритија компанијата Натура Терапи создаде и ги нуди за граѓаните додатоците на исхрана како што се Brain Protect и екстрактите со Реиши печурки, Ашваганда, Мака и други кои употребени како додаток на исхраната може да помогнат за подобро справување со стресот, релаксација и заштита на нервниот систем.