Зошто и кога треба да ги смените старите прозорци?
Сакате подобро здравје, подобра атмосфера и среќа во домот, и секако пониски сметки за струја? Колку е постудено времето, а имате стари прозори, толку помалку можете да се затоплите, а сметките само растат. Инвестирајте во квалитетни прозорци! Ќе го намалите одењето на лекар, ќе го зачувате мебелот во вашиот дом, а ќе имате и пониски сметки за струја. Нема да имате мувла и прашина во воздухот, помалку токсини, а сето тоа ќе донесе повеќе среќа во домот.
Главен проблем со старите прозорци е што не дихтуваат и просториите е невозможно да се загреат, предизвикуваат високи сметки за струја и студени ѕидови кои создаваат предуслов за појава на мувла. Старите прозори се најголемиот непријател по нашето здравје. Најголемата загуба на топлината или повеќе од 40% доаѓа токму поради старите прозори. Заради тоа, инвестицијата во квалитетни енергетски ефикасни прозорци е една од најисплатливите инвестиции на долг рок. Инвестиција во здравјето, и во финансиите. Обезбедувата оптимална изолација, задржана топлина зо зима, а свежина во лето, спречувајќи ја надворешната топлина. Прозорите изведени од компанијата Куна Пласт 070 343 606
се совршен избор за оние кои бараат највисоки топлински перформанси и одличен дизајн, а по разумни цени.
Домот е место каде го поминувате поголемиот дел од вашето време. Одржувањето на оптимална температура и влажност на воздухот е исклучително важно по здравјето. Многу болести се предизвикани токму поради зголемена влажност во внатрешните простории. Како на пример, инфекции на респираторен систем, појава на алергии, замор, вртоглавица. Eдна од главните причини за појавата на зголемена влажност во домот, на појава и на мувла или влага се старите и нефункционални прозорци, кои се пропустливи, нефункционални и со крајно ниски изолациони карактеристики.
Мартин Нашевски од Куна Пласт предлага:
Да не се проветрува со оставање прозорци на кипање подолго време бидејќи така многу се ладат ѕидовите околу прозорот и се подложни на создавање поголема мувла.
Често проветрување по 5-10 минути со целосно отворени прозорци. За тоа кратко време ќе излезе влажниот топол воздух, а ќе влезе сувиот ладен воздух. Бидејќи сувиот воздух се загрева за 4 пати побрзо од топлиот, а ѕидовите и предметите во просторијата за тоа кратко време не можат да се изладат просторијата веднаш ќе се загрее.
Да избегнуваме сушење алишта во затворени простории.
Кога бирате нови ПВЦ прозорци, покрај на профилот, обрнете внимание и на стаклото (термопанот), бидејќи тоа ја има главната улога во топлотната и звучната изолација, на дебелината на железото во ПВЦ профилот која му дава стабилност на прозорот, како и на оковот кој има најголемо влијание во функционалноста и безбедноста на прозорецот.
Квалитетните прозорци со правилно изработен термопан спречуваат да навлезе вода од надвор и да дојде до кондензација меѓу стаклата. Термопанот е околу 80% од целиот прозорец и најмногу влијае на изолациските карактеристики на прозорецот како топлинска изолација. Термопанот е конструкција од две или повеќе стакла, меѓу кои има воздушен простор, создаден од различни по големина дистанционери и затворен херметички.
ополнително, внимавајте при проектирањето и поставувањето на прозорците да влегува што поголема светлина во просториите. Истражувањата покажуваат дека кога се работи и живее во простории со поголема дневна светлина, значително поголемо е нивото на оптимизам и продуктивност. Ова посебно важи за работни простории, училишта и други јавни простории.