РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ ВО КИНА: ДАЛИ ПАЗАР ВО ПЕКИНГ Е ПРИЧИНА ЗА ВТОРИОТ БРАН НА ЕПИДЕМИЈАТА?
Во Кина се потврдени уште 49 случаи на коронавирус, од кои 36 во главниот град Пекинг, каде нов кластер на инфекција, поврзан со пазарот каде што се продава храна, ги разгоре стравувањата од втор бран на епидемијата, пренесува Гардијан.
Покрај Пекинг, Националната здравствена комисија соопштила дека биле потврдени три случаи во провинцијата Хебеј, која го опкружува Пекинг.
Пекинг започна масовно тестирање на работниците на пазарот за храна Ксинфади, како и на оние кои живеат во близина и секој што го посетил пазарот во последните неколку недели.
Официјалните лица изјавиле дека планираат да тестираат 46.000 жители во областа, а повеќе од 10,000 луѓе се веќе тестирани.
„Пекинг влезе во вонреден период“, изјавил портпаролот на градските власти.
Речиси немаше нови инфекции во Пекинг до 12 јуни, а од петок до денес се потврдени 51 случаи на Ковид-19.