Франција планира да забрани рекламирање на производи кои ја загадуваат животната средина

Се приближува крајот на годината и почнуваат да се кројат сметките за следната година. Оваа недела, француското Министерство за економија ги претстави контурите на законот за финансирање за 2021 година со нови интересни мерки.

Во средината на декември 2020 година пред Советот на министри ќе биде презентиран предлог-закон според кој ќе се забрани рекламирање на производи кои загадуваат што може да биде нов удар кој може да ги погоди производителите.

Мерката веќе е поддржана од министерот за еколошка транзиција, Барбара Помпили, особено нагласувајќи дека рекламирањето поттикнува потрошувачка на одредени производи опасни за животната средина. Франција подготвува и построга даночна казна за автомобилите што испуштаат голема количина штетни гасови, а во највисоката класа се предвидуваат казни од дури 50.000 евра.

Оваа одлука, на пример, би спречила рекламирање на автомобили кои емитуваат големи количини на СО2.

Освен за производителите на автомобили, тоа би бил голем удар и за огласувачите и медиумите бидејќи автомобилскиот рекламен сектор во Франција е трет по вредност, со вкупни инвестиции од 3,17 милијарди евра во 2019 година.

Translate »