Уште три дена попис. Колкумина се попишани досега?

На 30 Септември или уште три дена ќе заврши попишувањето на населението.

Официјалната статистика вели дека до вчера се попишани 1 540 301 лице.

Од петти септември кога и започна попишувањето 479.806 домаќинства и 670.988 станови влегле во официјалните бројки.

Оваа статистичка операција се изведува по 20 години, а има и можност за самопопишувањето, за лицата кои живеат во странство. Досега од нив сами се попишале 197 033 граѓани од дијаспората.

Translate »