38 години од смртта на Тито
На денешен ден во 1980 година во Љубљана почина Јосип Броз Тито, претседател на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Тој ја предводеше борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година, беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините вооружени сили од крајот на Втората светска војна, па се до неговата смрт.
Погребот на Тито беше историски настан за кој се зборува до денешен ден. Присуствуваа 700.000 луѓе, меѓу кои 209 државни и партиски делегации од 180 земји од светот, кои се поклонија пред неговиот гроб. На годишнината од неговата смрт, во „Куќата на цвеќето“ пристигнуваат посетители од сите краеви на поранешната СФРЈ.
Роден е во селото Кумровец, на 7-ми мај во 1892 година.