Хрватска ја крати работната недела, државата ќе дава до 4.000 куни по вработен
Хрватска подготвува нов пакет мерки за помош на економијата кои ќе се однесуваат на периодот од втората половина на годината и ќе бидат во форма на субвенции за скратување на работната недела.
Таа мерка би се однесувала на преработувачката индустрија, а главен услов би бил квартален пад на приходите од деловната активност од 20% во однос на истиот квартал минатата година, пишува „Јутарњи лист“.
Мерката ќе започне да се применува во јуни и ќа трае до крајот на оваа година.
Критериуми за добивање на ваквата помош се:
Важи само за преработувачката индустрија, но работодавците и синдикатите бараат да се прошири и во други сектори кои бележат пад на приходите од 20 проценти на квартална основа, а партнерите бараат критериум да биде и намалениот обем на деловна активност и пад на работните часови; Државата ќе ги финансира неодработените часови во целост, но најмногу по 4.000 куни по работник; Скратеното работно време треба да изнесува 10 до 50 проценти; Работодавачот мора да ги задржи вработените на кои им била одобрена мерката онолку колку што ја користеле истата; Трае од јуни па до крајот на годината; и Работодавците нема да смеат да исплатат дивиденди до крајот на 2021 година или да им исплатат бонус на менаџерите.