ЧЕПРЕГАНОВ: КОВИД-19 Е ЛАБОРАТОРИСКИ ВИРУС
„Главен проблем за бројката на новозаразени се семејните собири. Тие беа недопустливи. Луѓето прават лошо за себе и не слушаат наредби“, вели докторот Методи Чепреганов за емисијата „Само вистина“.
Според неговите информации, за кои не тврди дека се целосно точни, ова е лабораториски вирус.
„Францускиот нобеловец Лук Монтањ и група виролози од Индија го виделе вирусот и кажаа дека тој е создаден во лабораторија. Според нив, во геномот на Ковид-19 нашле инкорпорирани компатаменти од вирусот ХИВ и болеста маларија, кои во нормална мутација не можат да мутираат“, изјави Чепреганов.
Според ставот на Монтањ, Чепреганов вели дека ако вирусот живее и главен домаќин му е лилјакот, неговите метаболични функции и тие кај новиот домаќин-човекот не се исти.
„Монтањ тврдеше вирулентноста опаѓа поради ова и како што можеме да видиме тоа се случува низ светот во последниот период“, заклучи докторот.