Воз излета од шините во близина на грчката граница, загинаа 10 лица

Пет вагони од турски патнички воз излетале од шините во близина на грчката граница, по што десет турски патници се починати, а 78 повредени.

Вкупно 360 патници патувале од Истанбул до Едрене, а причината за инцидентот е нестабилен мост низ кој поминувал возот.

Ранетите биле пренесени со хеликоптери до најблиските болници.

Турските власти тврдат дека мостот се поместил поради обилните врнежи и свлечишта.

Сочувство до загинатите изразија турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и турскиот премиер Бинали Јилдирим.

Translate »