Мицковски апелира амнестија за луѓето од 27 април

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното обраќање по завршувањето на протестниот марш во Струмица, апелираше дека е потребан аманестија за луѓето од 27 април, затоа што, како што рече, мора да се продолжи напред.

„Но, нема напред ако живееме во минатото. Мора да му дојде крајот на политичкиот реваншизам, бидејќи доста се делиме на наши и ваши, на Македонци и помалку“, рече тој.

Мицкоски додаде дека ВМРО ДПМНЕ има пет пратеници кои се товарат за, како што вели, нешто што не го направиле, односно за тероризам. Тој рече дека не ги заборава и оние нивни браќа и сестри кои сега се по затворите и кои се дел од, како што рече, инструирана политичка хајка.

Протестниот марш на опозициската партија почна со полагање цвеќе пред споменикот „Македонија“, продолжи по улицата на струмичкото корзо до зградата на Собранието на општина Струмица.

Мицкоски се осврна и на потпишаниот Договор со Грција. При тоа рече дека премиерот Зоран Заев го виделе како на грчка телевизија се трудел да допре до грчките националисти, правдајќи се дека имал добар договор, ама тој бил добар по грчки терк.

Од СДСМ реагираа на говорот на Мицкоски. Од партијата велат дека тој бадијала сонува амнестија за криминалот во изминатите 11 година, за насилството и тероризмот што се случи на 27 април. Од СДСМ велат дека амнестија нема да има.

Translate »