Што е заедничко за Тоскана и Битолскиот регион
Што е заедничко за овие области! Од прва ќе се согласите тоа е нивото на култура и традиција која одсекогаш се негувала од граѓаните кои тука живееле. Би рекле, тоа е неповторлива мешавина од пријатна медитеранска клима, од стара култура и традиција, која ја поседува реонот на Тоскана, а што секако,го има и во Битола. Заедничко е и печалбарство и заминување на работа во Америка и Австралија се’ до осумдесетите години на дваесетиот век.
Синтеза на традицијата, културата и модерното! На традиционалните семејни вредности, уметноста, боемството, музиката, уметноста отсликани во секоја пора на живеењето. Тоскана регион каде се наоѓа еден од најубавите градови во светот, Фиренца, како што е впрочем и Битола за Балканот. Градови со прекрасни градби, каде се создавале прекрасни уметнички дела, градови кои кријат многу тајни.
Два реони каде нивото на култура на граѓаните кои таму живеат е на највисоко ниво. Кои отсекогаш ги негувале традиционалните занаети, како грнчарството и килимарството, обработката на дрво, филигранот и златарството, и секако чевларството.
А токму чевларството денес уште повеќе ги поврзува Тоскана и Битола. Имено од овој регион во Италија во Битола пристигнува најквалитетната италијанска природна кожа, која потоа се користи за изработка на рачно изработени чевли и сандали. Токму во Битола, компанијата Тргокожа која има три генерациска традиција во чевларството произведува уникатни чевли од природна кожа без користење на хемиски средства. Чевли прилагодени кон самите потрошувачи, кои покрај тоа што се убави, овозможуваат нивно носење со леснотија.
Чевли и сандали креирани со големо внимание, резултат на долга традиција во занаетчиството.
Но Тоскана и Битола ги поврзува уште нешто! Тоа е желбата да се врати стариот сјај. Да се вратат луѓето кои некогаш тука живееле, да се врати традицијата, желбата за создавање, да се врати ентузијазмот.
Токму со таков голем ентузијазам влегува во нов проект и компанијата Тргокожа, која со набавка на нови машини сака да создаде нов развоен капацитет на кој Битола и Битолчани ќе бидат горди, а Битола повторно моден и културен центар на Балканот. На тој начин давајќи пример за сите останати талентирани луѓе, уметници, творци од Македонија да не заминуваат во европските културни метрополи, туку да останат во својот роден крај, и тука да создаваат.
А во меѓувреме пробајте ги рачно изработените македонски Чевли, за да се чувствувате убаво.
Повеќе на следниов линк. https://tkshoes.mk/