Се најавува враќање на полициски час од 22 до 5 часот
Комисијата за заразни болести предлага да има полициски час од 22 до 05 часот, но само во критичните општини, односно во општините од Скопје, Куманово, Тетово, Липково и Штип.
Во последните денови бројот на заболени од коронавирус во овие општини драстично се зголеми, а во горенаведените општини имаше целосен полициски час за време на продолжениот викенд.
Комисијата за заразни болести овој предлог треба да го достави до владата, која на седница денеска ќе одлучи дали и колкав ќе биде полицискиот час во текот на наредните денови.