Договорот со Македонија ратификуван во бугарскиот парламент

Бугарскиот парламент  денеска едногласно го ратификува Договорот за добрососедство и соработка со Македонија.

Договорот беше поддржан од сите параламентарни партии во Бугарија и на вчерашните седници на комисиите за надворешна политика и за европски прашања.

Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов.

На 15. јануари македонскиот парламент со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ го изгласа предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

Translate »