Авион со 149 патници и осум членови на екипажот се урна во Африка

Патнички авион на „Етиопија ерлајнс“ се урна кај Адис Абеба, главниот град на Етиопија. Авионот патувал кон Најроби, Кенија, јавува ББС.

Во авионот патувале 149 патници и осум членови на екипажот. Премиерот Абу Ахмед на својот твитер-профил им изјавил сочувство на семејствата кои ги загубиле своите сакани.

Авионот Боинг 737-800MAX со број на летање ЕТ 302, го загубил контактот по полетувањето во 08:38 часот по локално време од меѓународниот аеродром „Боле“ во главниот град на Етиопија, соопшти авиопревозникот.

“Во овој момент, во тек е пребарување и спасување, а ние немаме потврдени информации за преживеаните. Екипата на Етиопијан ерлајнс ќе биде испратена на местото на несреќата и ќе стори сé што е можно за да помогне”, соопшти авиокомпанијата.

Translate »