Македонците преферираат плаќања во кеш, отколку преку интернет!
Македонските граѓани преферираат да платат во кеш отколку преку модерните технологии кои се во замав кај банките.
Статистиката на Народната банка покажува дека електронските плаќања сè уште не се многу прифатливи а најмногу ги користат правните лица.
Над 66 илјади електронски трансакции направени преку мобилен се направени во септември 2018, додека од безмалку 5 милиони трансакции 2.896.599 се реализирани во хартиена форма а 2.069.280 по електронски пат.