МАКРАДУЛИ: „Планот за борба против аерозагадувањето“ се имплементира
Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули денеска на прес-конференција информираше за Планот за чист воздух.
„Во согласност со еден од своите врвни програмски приоритети „Планот за борба против аерозагадувањето“, Владата на Република Северна Македонија на неколку од последните седници донесе низа мерки и дополнувања за поефикасни резултати во справувањето со ова прашање.
На вчерашната 153-та седница на Владата, се донесе Одлука за пренамена на средствата од Планот за чист воздух со цел да се замени системот на затоплување во болницата во Струмица од нафта на гас.
Со тоа, се дозаокружи имплементацијата на првиот План за чист воздух во вредност од 2 милиони евра#, вели Макрадули.