Се прави претрес во домовите на Канческа- Милевска и на Божиновски
Утрово Специјалното јавно обвинителство направи претреси во домовите на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, дознава ТВ 24 од свои извори.
Од СЈО не ја потврдуваат информацијата. Телевизија 24 се обиде да ја контактира Канческа Милевска, но не одговори на телефонските повици.
Непознато е дали се вршат претреси за нова предистражна постапка и за што се работи. Инаку и двајцата се обвинети во неколку случаи, на Канческа и се суди за „Тендери“, а Божиновски е обвинет за изборни нерегуларности во случајот „Титаник“.