Македонските фудбалери од Австралија со „Бисер балкански“ ги дочекаа Грците
Иако се таму со децении Македонците во Австралија не забораваат од каде отишле на печалба…а својата љубов кон татковината ја пренесуваат и на своите помлади генерации…
Македонците од дијаспората не заборавија од каде доаѓаат, од каде им е коренот па така македонската екипа „Алтона Вардар“ и приредила „топол” пречек на грчката екипа „Оаклеј“ во првата австралиска фудбалска лига.
Имено пред почетокот на натпреварот со гајдан и тапан се свирела „Бисер Балкански“, а потоа најмладите со македонското знаме во рака ио оро ги дочекале фудбалерите.
И крајниот резултат одеше во прилог на Македонија. „Алтона Вардар“ го порази својот противник со резултат од 2:1 .