Ме праша: Дали си видела гол маж?! А јас имав само 16 години и учев со неговата ќерка
Обвинувањата за сексулано вознемирување продолжуваат. Признанијата на жртвите го потресоа светот. Потвторно неколку жени ја обвинија холивудската легенда Дастин Хофман за недолично сексуално однесување, вклучувајќи инцидент со една сценаристка, пред која се соблекол гол во хотелска соба во Њујорк, кога таа имала само 16 години.
Кори Томас го опиша инцидентот од 1980 година во текстот објавен во магазинот „Вараети“, а потоа ја потврди приказната и за агенцијата АП.
Таа учела во ист клас со ќерката на Хофман, кога се запознале и тој ја поканил во своја хотелска соба по една заедничка вечера.
Друга жена, Мелиса Кестер, откри за „Вараети“ дека Хофман ѝ ставил рака во гаќички, кога снимале песна во музичко студио за потребите на филмот „Иштар“.
Ова се најновите обвинувања за сексуално вознемирување против 80-годишниот двократен оскаровец. Претходно, и актерката Ана Грем Хантер откри дека тој недолично се однесувал кон неа, кога имала 17 години.
„Верувам дека приказната на Хантер е вистинита, затоа што и јас имам доживеано нешто слично“, кажа Томас.